Мухамед Зекири, еден од потпреседателите на СДСМ го загуби своето партиско место. Кумашинот на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на денешниот конгрес не беше преизбран. Не беше реизбран ниту директорот на Фондот за иновации Коста Петров.

На нивно место, како што објавија медиумите доаѓаат министерот за здравство, Венко Филипче и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

На дигиталниот изборен конгрес, на кој претходно Сања Лукаревска беше избрана за заменик претседател, за старо-нови потпретседатели се избрани министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски како и министерката за обрзование, Мила Царовска.

Неофицијално, Љупчо Николовски останува генерален секретар, а Мартин Попов е новиот организциски секретар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.