Во кумановската болница евидентирани се 23 новозаразени од подрачјето на Куманово и двајца починати како последица од инфекцијата со новиот тип коронавирус во изминатото деноноќие, извести градоначалникот Максим Димитриевски.
Градоначалникот истовремено поради ваквата состојба од Владата побара итно да го разгледа неговиот предлог за прогласување 14-дневен карантин во Куманово, по примерот на Дебар, затоа што смета дека постои закана за жителите на другите градови.
Куманово денеска има 23 нови позитивни случаи и двајца покојни. Вкупната бројка во Куманово е 224 позитивни лица досега или вкупно 12 починати. Возраста се движи од 59 до 79 години. Ве информирам дека бројката која доаѓа од Централниот кризен штаб, се однесува на бројка на заболени и починати на Куманово заедно со оптшината Липково. Сочувство до семејствата на починатите“, рече градоначалникот Димитриевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.