Делегати на конгресот кои се од Куманово реагирале до врвот на партијата затоа што градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски не е кандидат за член на ЦО и побарале да се стави точка на дневен ред со дополнување на кандидатите – објави Фактор.

Според сознанијата на порталот, делегатите обвиниле дека во Куманово предлозите за кандидати на ЦО ги правела мала група, а подоцна се исмејувале. Точката не била ставена на дневен ред, затоа што прво се избрал новиот ЦО, а Заев подоцна констатирал дека беспредметно било да се гласа за предлогот кога веќе го изгласа ЦО. Димитриевски кој процедурално се пријавил да се заблагодари на кандидатурата, ја одбил и кажа како што до сега давал поддршка на СДСМ, така ќе продолжел и понатаму. Изјавил дека ќе дава поддршка на партијата, како и досега кога партијата се соочувала со многу големи предизвици од 24 декември и 27 април. Димитриевски истакнал дека мали групи и поединци прават раздор во партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.