По триесет и деветти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, од ширење на коронавирусот, Куманово побара од Владата да ја разгледа и измени Уредбата за носење на заштитна опрема со која е предвидена казна во висина од 20 евра на физичките лица за неносење на заштитна маска на отворено.

Наместо тоа ОШЗС на Куманово бара истата санкција да биде заменета со опомена и содветна казна со општествено корисна работа.

Донесена е и одлука да се дозволи организирање и одржување на музички концерти на отворен простор на градскиот плоштад и пред платото на НЦУК “Трајко Прокопиев“ за време на траење на полицискиот час, за кои заинтересираните културни институции, здруженија и групи ќе доставуваат предходно барање до ОШЗС и ќе ги почитуваат мерките и препораките на Владата на РСМ и ОШСЗ Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.