Куманово ќе добие уште еден кружен тек, на крстосницата на двата булевари „Октомвриска револуција“ и „Трета македонска ударна бригада“, соопштија надлежните. Изградбата ќе почне во март, наредната година.
Општината доби сообраќајна согласност од Секторот за внатрешни работи Куманово, со што се создадени услови за изградба на кружен тек кај „Митев мост“. Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, информира дека тендерската постапка е завршена уште пред девет месеци.
Ја одлагаме имплементацијата на овој проект веднаш по завршувањето на зимската сезона во месец март. Поради временските услови и бидејќи навлегуваме во зимскиот период на годината каде што согласно законот и одлуката на советот не се дозволени прекопи на јавно прометни површини, освен ако не се работи за итни интервенции и санации на одредени дефекти – вели Димитриевски.
Тој најави изградба на уште еден кружен тек во градот, проект којшто е влезен во програмата на општината за годинава,а се однесува на за локацијата „Серава“ односно крстосницата помеѓу улиците „Гоце Делчев“, „Бајрам Шабани“ и булеварот „Трета МУБ“.
На следната седница на Советот ќе ја разгледуваме годишната програма за работа и буџетот за 2022-та година и ќе предложиме дополнителни вакви проекти во делот на решавање на сообраќајот во градот – вели Димитриевски.
За изградбата на првиот кружен тек на влезот во Куманово општината одвои околу 20 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.