Медицински сестри од Куманово извисија за вакцина против Ковид. Наместо вчера да се појават во пунктот во поликлиниката Јане Сандански во понеделникот добиле известување дека термините им се откажани. Истото им се случило и на гинеколозите со кои работат. Но, подоцна службите од министерството за здравство задолжени за имунизацијата ги известиле докторите да дојдат утре за вакцинација, но без сестрите.

– Имавме термин закажано на 23 март, но добивме порака по маил дека термините се откажани. Дел од докторите добија телефонски повик за да се вакцинираат. Докторите инсистираа да се вакцинираат и сестрите бидејќи не мкожат да работат едни без други. Вчера добија пак телефонски повик да дојдат во четврток за вакцинација, ама само они, изјави револтирана медицинска сестра во гинеколошка ординација во Куманово.

Од Министерството велат дека одлагањето за некои медицински лица е поради приоритетната вакцинација на здравствените работници кои работат во Ковид Центрите.

-Поради епидемиолошката состојба во државата, односно порастот на заболени и хоспитализирани пациенти во изминатиот период се зголеми и бројот на здравствени работници кои се вклучија во системот на ротација и работат во Ковид центрите, па така продолжи и вакцинацијата на сите кои во моментов се изложени на ризик. Во овој момент се вакцинираат само здравствени работници кои работат со ковид позитивни пациенти, одговориле од Здравство за Сител.


Целиот текст на Сител



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.