Актуелниот градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска се обрати на јавноста по повод зачестените закани кои ги добиват неговите сограѓани, вработени во јавната администрација, во средните и основните училишта, градинките, како и членовите и симпатизерите на СДСМ.
Во продолжение, ви го пренесуваме говорот на градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во целост:
Почитувани кумановци, мои сограѓани, пријатели од сите етнички заедници, другари и другарки,
Повод за ова мое обраќање се се почестите закани кои ги добивате вие, мои сограѓани, вработени во јавна администрација, во средни и во основни училишта, градинки,како и членови и симпатизери на СДСМ.
Јас сум тука со вас во оваа борба и нема да дозволам заканите да бидат дел од нашето секојдневие. Куманово е погрешен град да се вршат притисоци.
Куманово е погрешен град да се закануваат. Куманово е револуционерен град. Куманово е град на пркос и непокор. Куманово е достоинството на оваа држава.
Ова не е битка само за Куманово, ова е битка за Македонија и ве уверувам дека заедно ќе ја добиеме. Се боревме против закани,против заплашувања, против уцени, а денес сме соочени со сите оние нешта против кои се боревме. Им порачувам на сите оние кои што тоа го прават дека нема да успеат.
Јас и мојот тим се бориме за слобода, за право на изразување, правда и чесност,за достоинствен живот и подобар стандард на сите вас. Сите ваши добиени поракии вашата поддршка не охрабруваат дека заедно ќе се бориме за нашата цел.
Да недозволиме да бидеме алатки во рацете на поединци кои сакаат да го запоседнат нашиот град. Наше Куманово е поголемо од сите нас, затоа што Куманово е наше и мора да го одбраниме. Заедно со вас нема да потклекнам на какви било притисоции, ве уверувам дека ќе имаме голема победа во оваа битка и ќе бидеме пример за тоа како се сака својот гради како се сака својата држава.
Секој има право на сопствено убедување и сопствена определба. На 17 октомври сте сами зад параванот и јас ве повикувам да гласате како што мислите дека е најдобро за вашиот град.
Почитувани кумановци ве повикувам да се приклучите во ова движење, во оваа иницијатива за едно европско, модерно Куманово. Заедно одиме во победа за наше Куманово“, порача Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.