Независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово Максим Димитриевски и носителката на листата кандидати за советници Ивана Ѓорѓиевска од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, денеска беа во посета на два погона за производство на чевли.

При посетата, Димитриевски и Ѓорѓиевска се сретнаа со менаџментот на двете компании, а исто така разговараа и со вработените за процесот и условите на работа, како и за следните чекори кои треба да се преземат за подобрување и унапредување во областа на чевларската индустрија во Куманово. Димитриевски им се заблагодари за професионалноста и трудот којшто го вложуваат во својата работа.

Овие посети следуваат по вчерашната средба на Димитриевски со претставници на чевларската индустрија во Куманово, на која потоа информираше дека разговарале за инвестирање во постоечките капацитети, за можност за изградба на нов деловен комплекс којшто би бил наменет за дел на занаетчиите и занаетчиски гранки, меѓукои и чевларската индустрија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.