Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), соопштија од Општината.
На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
– Бараме од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство да изврши тестирање на сите здравствени работници и сите вработени во СВР и ТППЕ Куманово и да продолжи со континуирано тестирање на граѓаните на територијата на Општина Куманово;
– Бараме од Владата да донесе итна Одлука Куманово да се стави во целосен карантин;
– Бараме од Владата да донесе Одлука за дислокација на осумдесет и еден бегалец од ПТЦ Табановце, кои повеќе од дваесет дена се наоѓаат во кампот
– Се задолжува ЈП Чистота и зеленило Куманово да продолжи со континуирана дезинфекција на станбени објекти за колективно домување и на јавно-прометни површини
– Апелираме до граѓаните да го почитуваат полицискиот час и препораките од Владата, да го намалат своето излегување и напуштањето на домовите да го сведат на минимум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.