43-годишен кумановец е најмладата жртва од ковид во изминатите 24 часа. Според податоците од Министерството за здравство регистрирани се 12 починати лица, сите во болнички услови. Три починати лица се од Скопје (51г, 64г и 85г), по двајца починати од Штип (64г и 75г) и од Свети Николе (66г и 82г) и по едно починато лице од Куманово (43г), Битола (60г), Радовиш (75г), Струмица (68г) и Дојран (62г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Направени се 2.754 тестирања, а регистрирани се 349 нови случаи на КОВИД-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.