Темата за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и албанските партии од опозицијата предизвикува силна нервоза кај премиерот, кој повторно се обиде да го обвини Мицкоски за повредите на Зијадин Села во Собранието на 27 април 2017 година.
Вие сте истиот Мицкоски кој на 27 април беше во Собранието, додека внатре за малку не загинаа пратеници. Толпата која вие ја предводевте се обиде да го убие вашиот коалиционен партнер Зијадин Села, а денес кажувате дека вашата коалиција е многу природна и дека не е брак од интерес, обвини премиерот Зоран Заев на дуелот со Христијан Мицкоски на Канал 5.
Јас бев напред и ги штитев тие позади мене. Вие бевте предводник на толпата и потоа протестиравте во одбрана на кукавиците и криминалците што сакаа да одземат животи. Вие бевте советник на Груевски и бевте пред Собранието на 27 април, рече Заев.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го коригорира првиот човек на Владата дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива е коалиција против корупцијата, а не брак кој ќе се распадне. Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе покаже дека не се сите исти и има луѓе кои си ја сакаат државата, а во однос на коалицијата истакна дека истата е коалиција против корупцијата на власт, како и коалиција која има намера да ја води понатаму Владата на Македонија, и да расчисти со сиот криминал којшто се случуваше последниве четири години.
Коалицијата против корупција на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците и Алтернатива на господинот Села и господинот Гаши ќе ве порази вас и сите останати бидејќи сте до гуша заглавени во криминал господине Заев, му порача Мицкоски во денешниот дуел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.