Претседател на Уставниот суд Сали Муарати кој рече дека судиите се гладни има една куќа и два стана, тој и неговото најтесно семејство тежат повеќе од 200 илјади евра, ова го покажува неговиот анкетен лист предаден во Антикорупциска, пренесува „Алфа ТВ“.

Тој како личен и заеднички имот има пријавено куќа во село Врапчиште вредна речиси 90 илјади евра, еден стан во Скопје вреден 56 илјади евра, и уште еден во Гостивар проценет на 40 илјади евра. Како имот на сопругата пријавил златен накит вреден околу 6.500 евра. Под ставката имот на деца, има пријавено еден автомобил од 8.200 евра, како и еден свој со цена нешто помала од 1.500 евра. На име побарувања пак пријавил 7.300 евра, како и долг од 4.200.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.