Од Кривичниот суд претседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ заминува во куќен притивор, одлучи судија на претходна постапка.

За Фросина Ременски, Миле Јовановски и асистентката на Боки, утре ќе биде спроведен распит пред судија на претходна постапка, откако се повикани денеска да дојдат. Обвинителката Вилма Рускоска вечерва рече дека за нив не побарала мерка притвор.

За пратеничката Фросина Ременски, како и за другите осомничени во проширената истрага од предметот Рекет рече дека се барани само мерки за претпазливост: одземање на пасош, забрана за напуштање на престојувалиште, и еднаш неделно да се јавуваат во судот. Најави дека другите осомничени утре ќе дојдат да дадат исказ во судот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.