Амбасадорката на Куба во Македонија, Каридад Јамира Кието Милиан порача дека дека по урнекот на помошта што нејзината земја несебично ја пружи во Италија и во Франција, Куба во секое време е подготвена да ѝ помогне и на Македонија доколку е тоа потребно во справувањето со епидемијата од Ковид-19, објави „Канал 5“.
Куба е подготвена да соработува со било која земја во светот. Да се спротивстави не само на коронавирусот, туку и да помогне во секој случај на итност или болести. Во моментов имаме кубански доктори во 59 земји во светот, а во 37 земји од нив се борат со коронавирусот, или во бројки, 39 илјади кубански доктори помагаат ширум светот за да се спротивстават на пандемијата. Секако, ние ќе бидеме подготвени да ѝ помогнеме и на Македонија и на македонскиот народ – вели амбасадорката на Куба.
Според Светската здравствена организација, Куба има девет лекари на 1.000 жители, најмногу на светот, како и ефикасно и евтино здравство.
Оваа земја има искуство и со производство на вакцини, a во моментов е во трка за пронаоѓање и на сопствена вакцина против корона виурсот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.