Годинава, сѐ е поинаку. Животот, секојдневието, па и прославите и чествувањата. Корона вирусот ги промени состојбите. Тоа го чувствуваат и жителите на највисокиот град на Балканот, историско и туристичко Крушево. Сепак, недвосмислено, градот е подготвен за прославата и чествувањето на големиот Илинден и 117-годишнината на Илинденското востание.

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски во изјава за МИА вели: Крушево и сите кои ќе присутвуваат, достоинствено ќе го одбележат големиот Илинден.

Томе Христоски

Подготвени сме достоинствено и, би рекле, во изменетото секојдевие, со нови правила, да чествуваме. Илинден е столбот на нашите историја, достоинство, пример за истрајност. Особено за Крушево. И по 117 години, историјата е длабоко вкоренета, а наше е да ги почитуваме придобивките на Илинденците, нивните заложби и потребата да чествуваме за да не се заборави. Би рекле, сѐ уште од заложбите на Крушевскиот манифест ја добиваме силата за истрајност, а тие пренесуваат порака за заедништво сплотеност и мудрост во овие современи времиња на предизвици. Подготвени сме за одбележување. Во сосема поинакви услови, а главното е достоинственоста. Имаме протоколи, кои се задолжителни за безбедноста на сите, главно, на граѓаните. Ќе имаме поинакво одбележување, ама суштината останува.

Традицијата останува, но официјални приеми годинава нема. Коњаниците од Маврово, од Бигорскиот Манастир, од Охрид и Лисиче ќе стигнат, ама собирања нема да има. Тие, мора да се рече, се ризична група која поминуваше во многу места со можни контакти. При полагањето свежи цвеќиња, ќе има само по тројца претставници. Мора така да биде поради заштитата на здравјето на сите, изјави за МИА Христоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.