Луис Волина, МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН со „традиционално“ македонско име веројатно крстен на дедо му 🙂 е осуден во Шпанија во 2020 за ТРГОВИЈА СО ДРОГА. Нема нарко бос на кој не дале МАКЕДОНСКИ ПАСОШ. ОСТАВКИ И ОДГОВОРНОСТ, побара потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за веста дека во Шпанија Волина е осуден на 5 години затвор.
Луи Волина, МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН со „традиционално“ македонско име веројатно крстен на дедо му 🙂 е осуден во Шпанија…
Posted by Aleksandar Nikoloski on Friday, 9 April 2021
Луис Волина, македонски државјанин кој престојувал во Калдас, утрово доби казна од пет години и единаесет месеци затвор за водење на криминална мрежа која работела во Понтеведра, вклучувајќи го и Калдас де Реис, каде е уапсен. Судот на Понтеведра му судеше заедно со еден од негов соработник, Едуардо Р. Естевез, со кого го сподели обвинението како сторители на злосторство против јавното здравје за трговија со дрога, пишува шпанскиот весник „Ла Воз де Галиција“.
„Волина, познат на властите по неговата поврзаност со трговија со хероин, призна пред судот дека е одговорен за мрежата која беше демонтирана во јануари 2013 година при трансфер на шест килограми хероин, кои беа запленети на патот кон Виларгасија де Ароуса. Шест лица од различни националности веќе беа осудени од Судот во Понтеведра пред три години за нивната врска со скриената дрога, но ниту Луис Волина ниту неговиот соработник, Едуардо Р.Е., присуствуваа на тоа сослушување бидејќи избегаа од правдата“, пишува шпанскиот медиум.
Шпанските медиуми пишуваат дека адвокатот на Волина побарал протерување на шверцерот со дрога од територија на Шпанија што би значело дека тој ќе треба да се врати „назад“ во Македонија.
„Виктор Бузас, адвокат на македонскиот државјанин, побара протерување од националната територија. За барањато ќе се донесе решени при извршувањето на казната“, пишува „Ла Воз де Галиција“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.