Пратеникот на Левица, Борис Крмов на Фејсбук објави дека кадар на ДУИ се заканува со војна, откако ВМРО-ДПМНЕ објави дека има ново парламентарно мнозинство.

Шкодране Дардишта, кадар на ДУИ СЕ ЗАКАНУВА СО ВОЈНА ако на нејзината партија не и се дозволи да продолжи да ја силува државата! Ама ова во нашиот политички дискурс е потполно легитимно за разлика од фашизмот и нацизмот на Левица нели!? – прашува Крмов.

Објавата на Дардишта ја споделуваат многумина на Фејсбук. Таа порачува да не си играат со оган, оти тие не биле сираци.

Граѓаните кои ја споделуваат објавата прашуваат каде е Хелсиншкиот комитет за да реагира на поттикувањето на меѓуетничка нетрпеливост и ширењето на говор на омраза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.