Кризниот штаб од Кочани бара да се воведат мерки во градот како во Куманово со цел спречување на ширењето на коронавирусот.
Кризниот штаб побара да упатиме писмено барање до надлежните, во Кочани да се спроведат мерките што важат и за Куманово, од понеделник до петок забраната за движење да трае од 16 ч. до 5 ч. Утре ќе побараме од јавниот сектор во целата општина да го искористи до 31 мај остатокот од годишниот одмор за 2019 и првиот дел од 2020 година, онака како што препорача и Владата. Упатуваме апел до сите продажни места, маркети, банки, подобро да ги организираат своите услуги, за да се ограничат можностите за контакт и ширење на коронавирусот, соопшти градоначалникот Илијев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.