Откако Советот на безбедност ѝ препорача на Владата да прогласи кризна состојба на територијата на целата држава многумина се прашуваат што тоа значи. Кризна состојба веќе имаше во Дебар на почетокот на корона кризата, а неколку години по ред има и на јужната граница поради мигрантите.
Што значи кризна состојба
Кризна состојба е состојба предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на државата, за чија превенција или справување е потребнаупотреба на поголем обем на ресурси.
Одлуката на кризна состојба не може да трае подолго од 30 дена. Законот и овозможува на Владата да донесува oдлука за употреба на ресурсите на органите надржавната управа, органите на општините и на Градот Скопје, како и за управување со нив во случајна кризна состојба. Употребата на ресурсите за остварување на активностите треба да бидепропорционална според природата и интензитетот на кризната состојба, разумна според карактеротна кризата и сериозна според јачината и обемот на кризата.
Во случај на кризна состојба можат да се употребат и ресурсите на јавните претпријатија, установи ислужби, како и на трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба, восогласност со закон. По барање на Владата, врз основа на договор склучен со Центарот или доброволно, можат да се употребат и ресурсите на граѓаните и други правни лица.Законот предвидува дека со дел од своите сили може да учествува и Армијата во поддршка на полицијата во услови кога со кризната состојба е загрозена безбедноста на земјата, а органите надржавната управа немаат соодветни ресурси и средства за нејзина превенција и справување.
Користење на ресурсите
Владата донесува одлука за употреба на ресурсите на органите на државната управа, органите на општините и на градот Скопје, јавните претпријатија, установи и служби, како и на трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба како и за управување со нив во случај на кризна состојба, во согласност со закон.
Во случај на кризна состојба, по барање на Владата, врз основа на договор склучен со Центарот или доброволно, можат да се употребат и ресурсите на граѓаните и други правни лица кои не се во државна сопственост.
Пендаровски вчера изјави дека Владата ќе може да управува со приватните болници, но како што појасни Пендаровски, тоа не значи национализација и дека средствата ќе им бидат надоместени на болниците.
Нема информација колку ќе плаќаат граѓаните во приватните клиники. Во следниот период ќе имаме детални податоци, рече Филипче.
Вклучување на АРМ
Кога со кризната состојба е загрозена безбедноста на Република Македонија, а органите на државната управа немаат соодветни ресурси и средства за нејзина превенција и справување, тогаш дел од Армијата учествува во поддршка на полицијата.
За армиското учество во справувањето со евентуална криза, предлог до Владата дава Управувачкиот комитет, а видот и бројот на силите, како и капацитетите на армиските единици, нивната намена, задачите што се бараат и времетраењето на активноста и ангажирањето, ќе се допрецизираат со пропис на претседателот на Републиката.
За учество на дел од Армијата во справувањето со кризна состојба одлучува Претседателот на Републиката, кој е и врховен командант на АРМ. Тој може во секое време да ја преоцени потребата од учество на дел од Армијата.
Претседателот го одредува начинот на армиското учество во кризна состојба, а министерот за одбрана во согласност со министерот за внатрешни работи ги регулираат работите околу обезбедувањето на потребната подготвеност, на обуката и вежбите за евентуално такво учество на Армијата во поддршка на полицијата во случај на кризна состојба.
АРМ целосно ќе се вклучи да помага во соработка со полицијата, но да биде појасно, војската нема полициски овластувања и не може да апсат. Војникот останува војник. Никаде нема да бидат сами, туку во група или со полицијата или во институциите кде ќе бидат распределени. Тие не се тренирани да бидат полицајци. Ќе бидат само во поддршка на институциите, рече Пендаровски.
Управувачки комитет
Заради предлагање на одлуки и обезбедување на постојани консултации, координација, навремена реакција и соодветно искористување на расположливите ресурси во случај на кризна состојба се формира Управувачки комитет.
Управувачкиот комитет е тело на Владата за координација и управување со системот за управување со кризи.
Управувачкиот комитет го сочинуваат министрите: за внатрешни работи, здравство, транспорт и врски, одбрана, надворешни работи и раководителот на Групата за процена. Доколку составот на Управувачкиот комитет не ја одразува соодветната и правична застапеност на заедниците, составот на Управувачкиот комитет се дополнува и со други членови на Владата.
Во зависност од кризната состојба, по потреба, во работата на Управувачкиот комитет можат да се вклучат и други функционери кои раководат со органите на државната управа.
Во работата на Управувачкиот комитет учествува и еден претставник од Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија од редот на членовите на Комисијата од најголемата политичка партија во опозиција и еден претставник од Кабинетот на претседателот на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.