Кривичниот суд одреди дополнителни термини за случајот ТНТ. Во втората половина од месецов, предвиде судења секој ден во периодот од 13-ти до 27 јануари. На последното рочиште за случајот, судот закажа само еден термин – сега во писменото соопштение објавено на интернет страницата, се вели дека закажаните судења се во интерес на обвинетите, објави Сител.

Заради ефикаснот на постапката на предметот кој е во завршна фаза, доследно почитување на начелото за судење во разумен рок со што ќе се овозможи на одбраната да се подготви за постапување во други предмети, како и почитување на правата на обвинетите и на оштетените, надлежниот судечки совет насочи нови термини за продолжување на расправата, пишува во известувањето од судот.

Последните судења за случајот се одржуваа во тензична атмосфера. Адвокатите предупредуваа дека судењето не треба да продолжи бидејќи изминал мандатот на една поротничка и неопходна е нејзина замена. Судот го одби барањето образложувајќи дека престанокот на мандатот треба да го констатира Судскиот совет, но тој до сега се уште не го сторил тоа. Седницата на која требаше да одлучува за судијата поротник не се одржа.

Седницата на Судски совет се одложи бидејќи немаше потребен кворум за одлучување, како и поради тоа што на новиот член на советот, материјалите за седницата и беа доставени пред почеток на седницата и не беше во можност да ги проучи, информираа од советот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.