Еден ден кога ќе помине време, многу Македонци ќе се запрашаат дали направивме се што можевме за да се избориме за работите во кои веруваме? Дали ја оправдавме големата одговорност која ѝ беше дадена на нашата генерација? Во многу моменти од животот ќе забележите дека работите не се фер, дека некој тргува со работи кои се свети, ве притиска, прогонува, осиромашува и обесправдува. Не се откажувајте, продолжете да се борите! Колку повеќе ви викаат дека е готово, ве тераат да се обесхрабрите не се откажувајте – борете се! Емоциите да ги претвориме во акција! Време е! Веруваме во правда, повика од градскиот плоштад во Охрид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на првиот народен митинг од изборната кампања на претседателските избори 2019 година.
Во химната стои дека Македонците се борат за своите правдини! Македонците не веруваат во власта – веруваат во Македонија! Македонија е радост, тага, болка, успех, суштина, пиреј, пред сè и над сè нашата татковина! Барај те го најдоброто во себе! Дојде часот! Колку повеке ти викаат дека нешто не е возмозно ти повеќе мотивирај се! Докажи им дека грешат! Победи! Колку повеќе овој скршен систем те притиска, толку повеќе знај дека си на вистинската страна! На страната на правдата. На страната на Македонија! Приклучете се. Дојдете, излезете, застанете рамо до рамо со нас! Еден ден после многу време – ќе можете гордо да кажете затоа што татковината ме повика! Јас бев еден од оние стотици илјади Македонци, граѓани на Република Македонија кои ја донесоа правдата за Македонија!
Во претставувањето на претседателскиот канидат на Коалицијата за заедничка Македонија Гордана Силјановска Давкова Мицкоски потсети дека „Македонија е нашата љубов, нашата емоција, инсипрација и водилка во животот, дело почнато од Карев, идеалот на Делчев, сонот остварен на Ченто, Брашнаров и Шатев“.
Северна е нивната, нашата е само Македонија. Земјата на нашите предци, на Рацин, Андреевски, Мисирков. “Верувам во Македонија” викаше Борис Трајковски, и се што до сега поминавме нема да биде залудно доколку ја сочуваме. Затоа ни треба претседател кој ќе води, суверено, силно, уверливо и посветено. Професорката Гордана Сиљановска Давкова е таквиот избор. Исклучителен интелектуалец, без ниту една дамка во својата професионала и животна кариера. Борец. Цврст карактер. Противниците ќе речат дека не критикувала во минатото, јас ќе речам да точно е тоа. Но тоа ѝ дава огромна додадена вредност, таквата критика покажува дека Гордана има интегритет и кредибилитет на кажаниот збор, а тоа во денешно време е најважно, рече Мицкоски.
На Македонија ѝ треба лидерство засновано на кредибилитет и интегритет.
Прашајте ги нејзините студенти, пријатели и познаници ќе ви кажат дека секогаш го кажува своето мислење, издржано, аргументирано. Таа е лицето на вистината и правдата. Дојде тоа време кога цврста жена како Гордана Силјановска Давкова треба да ја штити правдата и интересите на државата. Претседателка која ќе се стави на страната на правото и правдата, која ќе се бори за закони во рамките на Уставот, која ќе гради дипломатија базирана на компетенции. Претседателка која ќе биде баланс на властите, ќе се бори за секој еден граѓанин и која ќе биде вашиот глас во политиката. Претседателка на сите, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, Египќани и сите други. Претседателка која ќе се бори за европски вредности како принцип, а не како празна реторика, и ќе се бори за имплементирање на тие стадарди кон кои длабоко се стремиме.
Од другата страна го имате Стево Пендаровски, а гласот за него би бил глас за Зоран Заев и сите неправди кои ги донесоа. Заев и Стево се лице и опачина на една иста паричка. Толку за Стево и неговиот ментор. Се е јасно, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.