Во Македонија досега има 70 заболени од коронавирус, а состојбата на пациентката која е на респираторна машина е критична, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој појасни дека до вчера состојбата на пациентката од Дебар која беше регистирана како втор пациент со коронавирус во Македонија била стабилна, но од синоќа таа се влошила.

Според Филипче, бројот на пациенти ќе расте. Поради непочитување на мерките попладне од Владата тој ќе побара нивно заострување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.