Криминалот и корупцијата почнуваат и завршуваат со Зоран Заев и СДСМ во Република Македонија.Извештајот на Стејт Департментот е потврда за криминалот на Заев и криминалната булумента околу него, каде што е и повеќе од јасно кој го прави и кој го контролира криминалот, и кој го зема митото и рекетот во државава, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Бизнис заедницата ја изоставува Република Македонија како инвестициска локација од единствена причина што секој од власта, од првиот до последниот ешалон им бара мито и ги рекетира и затоа се принудени да одат и да инвестираат компаниите во други држави.

Зоран Заев кој што рече дека криминалот и корупцијата ги прави третиот ешалон, очигледно ги има измешано ешалоните.

Заев се уште не е свесен дека не му проаѓаат лагите кај граѓаните и се однесува недоветно.

Еве јавно ќе запрашаме дали и Лидија Димова не е прв ешалон која што ограби европски пари? Стотици илјади евра, европски пари ги проневери Лидија Димова за едукација на магариња и сл.

Дали и доделувањето на грантови на високи партиски функционери од Фондот за иновации не беше прв ешалон на функционери? Сите знаете дека една плејада цела од првиот ешалон на СДСМ и власта зема грантови од Фондот за иновации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.