Од вечер ќе се пломбираат сите угостителски објекти во кој не се почитуваат Протоколите за работа, ваквата одлука е донесена откако винекдов низ целата држава се оганизираа ноќни забави без да се почитува растојание и да се носи маска. Целосна забрана за работа, како и јавно да се објават нивните имиња од Пазарниот инспекторат побараа и од Независната угостителска комора, реагирајки дека на овој начин поединици ја загрозуваат целата угостителска индустрија. Викендов социјалните мрежи беа преплавени со видео клипови од полни кафулиња и свадбари без маски.
За овој видео клип се тврди дека е сниман викендов кога во штип имаше рекордни 90 новозаболени. Клипот е сниман пред кафе барот „Нова“ во Штип. Луда забава не регистрирале ниту пазарните инспектори.и додека едни се забавуваат, болниците се полнат. постхумно корона вирусот е дијагностициран и кај 48 маж од Штип, а болницата се подготвува за монтажна болница којашто ќе се користи од септември. Капацитетот на штипска инфектологија е речиси исполнет.
Ние секојдневно имаме исписи на пациенти. Подолг период сме со стабилна бројка над 50. Да се надеваме дека бројот нема да се зголемува. Да ја искористам приликата и да упатам апел до граѓаните. Работата е сериозна. Бројките повторно растат, изјави Ѓеоргијев
Од денес повторно со работа започна локалната самоуправа во Радовиш, каде што едно лице е позитивно, а деветмина се во самоизолација .Што се однесува до старечкиот дом во овој град корона е дијагностицирана кај тројца вработени и седум жители на домот. Штипскиот центар за јавно здравје до Комисијата за заразни болести поднесе предлог старечкиот дом да биде ставен во карантин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.