Владата за време на изборниот молк одржала седница на која го изгласала буџетот за 2022 година. Според владиното соопштение, информацијата за одобрениот буџет е објавена денеска бидејќи во саботата беше изборен молк. Според законските рокови, буџетот во следните две недели ќе биде испратен до Собранието на понатамошни постапки.
Владата на Република Македонија на 116-тата редовна седница, којашто се одржа на 30 октомври, поради запазување на роковите за донесување, го усвои Предлог-буџетот за 2022 година.
Поради изборниот молк, соопштението за усвоениот Предлог-буџет се објавува денеска, 1 ноември, а во следниот период ќе биде објавена и детална презентaција, објави Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.