По неколкуте заминувања на медицински персонал од Инфективната клиника, се проретчува и персоналот на Клиниката за кожни болести. Според информациите до кои дојде Плусинфо, а кои ги потврдила и в.д. директорката проф. д-р Сузана Николовска, од Кожно во текот на летото си заминала една докторка, а пред неколку дена и една медицинска сестра.

Точно е дека од клиниката си заминаа докторка и медицинска сестра. За жал, од докторката не добив одговор за причините, додека медицинската сестра, која е и социјален работник, има ветување дека во иднина ќе работи според својата професија. Во моментов ќе работи во ковид-центар во приватна болница. Во сите наши планови е вработување на доктори и медицински сестри со перформанси за работа во терциерното здравство – изјави за Плусинфо в.д. директорката проф. д-р Сузана Николовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.