Кожно, делови од Нервно и Кардиологија повторно стануваат Ковид Центри. Дали ќе се повтори мартовската слика во Клинички кога немаше место за тешко болните? На Инфективна и во Институтот за ТБЦ веќе неколку дена  нема слободни кревети.

Повеќе од половина од капацитетите се исполнети и во ГОБ 8 септември  каде деновиве ќе пренаменат нов оддел за приеми на заразени. Во моментот во главниот град на болничко лекување има 369 пациенти. Вкупно во државата хоспитализирани се 1053 лица поради компликации од вирусот, а пролетта оваа бројка надмина 1700, објави „Сител“.

-Се надевам дека нема да го достигнеме оној врв , што го имавме оваа пролет, меѓутоа верувам дека во овој момент не може со точно да се каже дали сме го достигнале врвот и уште колку пациенти ќе дојдат во интерните клиники, изјави за Сител проф.д-р Дејан Докиќ, координатор на Ковид центрите во Клиничкиот центар



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.