Македонски ковид свадби ги полнат болниците во охридско –струшкиот регион. Младоженци од Австрија кои свадбената веселба одлучиле да ја прават во родниот Охрид, завршија во болница откако кај двајцата бил дијагностициран опасниот вирус. Иако уште на пат кон родната грутка, идниот зет не се чувствувал добро, тие сепак ја направиле свадбата, по што тој бил хоспитализиран. Не се знае колку луѓе имало на свадбата, но епидемилозите не само што не ја исклучуваат можноста, туку очекуваат дел од свадбарите да се појават со симптоми на Ковид. Моментално во модуларната болница во Охрид се хоспитализирани 5 пациенти, 2-ца од нив се вакцинирани со две дози, а останантите 3-ца не биле вакцинирани, објавува телевизија Алфа.

Од тие 5 хоспитализирани пациенти, тројцата пациенти се дојдени од странство и се од таму позитивни дојдени.Никој кај нас не ги контролирал на влез ,едниот е од Белгија, а двајцата брачни сопружници се од Австрија, не се вакцинирани пациентите, вели Мира Спасова, медицинска сестра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.