Корона вирусот се шири во Психијатриската болница „Демир Хисар“. Денеска се регистрирани уште седум позитивни, од кои 6  пациенти и еден вработен, објави телевизија Телма.

Сите се асимптоматски и изолирани во посебно одделение, заедно со останатите заразени.

Со ова, во Психијатриската болница Демир Хисар позитивни се вкупно 28 лица, односно 25 пациенти и 3 вработени, медициснка сестра и двајца од помошниот персонал.

Минатата недела еден 73 годишен  штитеник од Психијатриската болница почина во градската болница  „8 Септември“  во Скопје поради компликации од Ковид-19.

Се уште не е познато како вирусот се појавил во оваа установа со вкупно 300 пациенти. Посетите се забранети, а ниту пациентите можат да излезат од болницата, па  се претпоставува дека заразата ја донел некој од вработените.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.