Да имаше барем толку храброст како кога од говорница ги навредуваше пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во 2019 и им викаше да пукнат од мака што тој успеал да добие датум за преговори, денеска лично ќе ја поднесеше оставката до Собранието. И не само тоа, туку и ќе ја образложеше пред тие што го избрале.
Ама тој денеска избра да дојде да го слушне Пендаровски како беседи во Собрание и му посакува здравје, за да потоа избега и по пошта преку курир да го извести Собранието дека дава оставка.
Ја фрли државата во амбис и сега бега. Исто како и Шекеринска, Царовска, Филипче итн. Иста матрица – разгради, пљачкај и бегај.
#ОдговорностМораДаИма, напиша на Фејсбук, Драган Ковачки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.