Моменталниот распоред на пратенички мандати во собранието не го рефлектира актуелниот став на граѓаните, кој беше изразен на 31 октомври, рече Драган Ковачки член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во собранието, во вечерашното гостување на Телевизија 21 во емисијата „Клик Плус“.
Владата е делегитимирана на последните избори, составот на ова актуелно мнозинство не ја рефлектира јасно изразената волја на граѓаните на локалните избори и затоа потребни се нови предвремени парламентарни избори, посочи Ковачки.
А согласно резултатот од последните избори јасен е заклучокот дека владата е делегитимирана и дека се потребни брз предвремени парламентарни избори.
Тој укажа дека барањето за предвремени парламентарни избори не е авантура туку тоа е реалност. Во моментов се наоѓаме во неколку кризи и енергетска, економска и здравствена криза. Состојбата во која што е доведена државата до овие кризи е токму од моменталната власт на СДСМ и ДУИ и затоа ВМРО-ДПМНЕ кажува дека тие не можат да бидат решение на тие проблеми, затоа што тие се оние кои што тие проблеми ги создале.
Потребно е да се рефлектира волјата на граѓаните која што беше рефлектирана на 31 октомври од страна на граѓаните за брзи предвремени избори се со цел за целосно воспоставнување на стабилна Влада, заклучи Ковачки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.