Драган Ковачки, поранешен Полковник во Армијата на Република Македонија, сегашен кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за изборната единица 3, на Алфа телевизија вечерва во „Заспиј ако можеш“, во однос на ситуацијата во армијата истакна дека Армијата делува како Ловечко друштво, недозволиво е војници во земја членка на НАТО да имаат пет различни униформи.

-Војниците за жал во моментов носат пет видови на униформи, да ми простат војниците што вака ќе се изразам, но делуваме како Ловечко друштво, недозволиво земја членка на НАТО да носи пет видови на различни униформи, една во принципте на војската е еднообразноста, значи сите треба да делуваат еднакво, појасни Ковачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.