Шекеринска повторно манипулира и објавува детали од интерни армиски постапки за кои цело време предупредувам. Прво, престанете да манипулирате и кажете и’ на јавноста дека Комисија предводена од генерал не најде докази за тоа за што ме обвинувате, а Вашата комисија во која нема ниеден генерал туку има и лица помлади по чин од мене, Ви достави нарачан предлог. Па од авион се гледа Вашиот притисок врз Вашата комисија, реагира Драган Ковачки.
Институцијата не Ви е партиска играчка да се пресметувате со мене затоа што не мислам како Вас.
Второ, должите да одговорите: Зошто и после година дена се’ уште на вашиот фејсбук профил стои доверлива класифицираната мапа од зона на одговорност на армиска единица?
Трето, дефокусирате од вистинските проблеми: Која е улогата на министерот за одбрана во набавките на кинеските вакцини од ФАНТОМ фирмата во Хонг Конг? Како може со чиновничка плата да се купи куќа вредна баснословна сума, а за багателна цена?
Еве ја повикувам јавноста и истражувачките новинари да се заинтересирааат за случајот и да го истражат – пишува Ковачки.
Понатаму, Ковачки порачува:
Последно, не е учтиво од уста на дама на толку висока политичка и партиска функција да напаѓате на личност со неумесен речник и да ме наречете плачко и лажго.
Нема да се симнам на тоа ниво, но во интерес и добробит на општеството, на сите родители би им советувал такви фрази да избегнуваат пред своите деца – вели Ковачки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.