Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, преку статус на фејсбук ја прашува Јавната обвинителка, Вилма Русковска, во кое својство адвокатот Димишков преговара и со кое лице или лица тој  разговарал за да ја намали сумата од 6 милиони евра?

Коментирајќи ги вчера објавените снимени материјали во кои се посочува на директна замешаност на највисоките структури на власта во изнуда односно рекетирање од 6 милиони евра, Ковачки прашува и кој е тој што забегал со побарувањето и дали и што превземала обвинителката во врска со тоа?

Со ова, вели тој, уште еднаш докажуваат дека во Република Македонија синонимот на правдата е скапан.

Значи не е прашањето дали, туку кого штити обвинителката. Простете ми, но скапан е системот на обвинителство, скапан е судскиот систем, скапана е правдата! Дали е време за обвинителката Русковска да биде повикана на информативен разговор?, пишува Ковачки.

Денешните објавени снимени материјали во кои се посочува на директна замешаност на највисоките структури на власта во…

Gepostet von Драган Ковачки am Freitag, 19. Juni 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.