Денеска во ЈО поднесовме кривична пријава против злосторничката група службеници во МВР, кои вршеле следење, малтретирање и тепање на неистомисленици на Заев во Прилеп пред изборите во првиот круг, соопшти Драган Ковачки од ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Попусто им беше целиот притисок. И покрај се’, изгубија силно во Прилеп. Попуст е и притисокот кој го прават пред вториот круг.

Едни веќе заработија кривична, да видиме кој неразумно ќе продолжи да ги слуша наредбите на Заев и Спасовски, ќе прави криминал и притисок.

Знаеме кои сте, знаеме што планирате. Промените се извесни. Власта се менува. Слободата ќе дојде, не правете криминал, ќе треба и ќе мора да одговарате.

Доаѓа нова иднина, со многу проекти и победи, порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.