Обвнувањата дека ВМРО-ДПМНЕ е анти НАТО и анти ЕУ се смешни и се за внатрешна употреба. Партијата што целиот свој историски развој го должи на една проруска, односно просрпска структура ја обвинува партијата што уште од самото формирање во својот статут има регулирана дека е прозападна и дека тежнее кон евроатланските интеграции.
Ова го вели Полковник Драган Ковачки на обвинувањата на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ некаква антизападна испостава .
Јас како припадник на Армијата, сега кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ можам да кажам дека тие муабети се потполно неточни.Јас го имам завршено моето највисоко образование во Лондон во кралската академија за одбрана како и во школите во Америка и Британија. Со учеството во мисијата „Слобода за Ирак“ сите тези се побиваат бидејќи таму бевме под раководство на американските сили. Што е тоа што може да биде поголем доказ дека сме сојузници со САД и со западниот свет-истакна Ковачки во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.