Земјата ја понижувате и срамите заради вашиот аматеризам. Ова е блам пред НАТО и Шекеринска и Пендаровски треба да сносат одговорност. Тие двајца ја понижуваат и Македонија и Алијансата, со самото тоа што две ипол години немаме наш воен претставник во НАТО. Четири години сте власт во државата, а се однесувате како да сте опозиција – реагира Драган Ковачки, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој побара одговор на прашањата:
1.Дали Шекеринска знаела дека постои безбедносна пречка за лицата што ги номинирала, и ако знаела, зошто го довела во заблуда Претседателот на државата да дава согласност и да ја срами државата пред нашите сојузници?
2.Дали Пендаровски ќе побара одговорност од Шекеринска, затоа што го довела во заблуда или ќе си одмолчи и релативизира?
3.Ако не е запазена процедурата за избор, зошто не е, и кој е тој, односно таа што е над процедурите за да може да одлучува по сопствено, односно партиско убедување?
Упати прашање и до СДСМ:
Кој ве повика да давате одговори во име на Министерството за одбрана и на Претседателот на државата? Каде почнуваат, а каде завршуваат надлежностите на партијата и каде почнуваат и каде завршуваат надлежностите на министерството?
Неодговарањето на прашањата од страна на институциите, е класично непочитување на демократските принципи за отчетност и одговорност и тоа во многу говори за капацитетот на лицето што ја води институцијата.
Бараме одговорност од Шекеринска и Пендаровски. Во секоја друга НАТО членка до сега ќе имавме оставка од министерот за одбрана.
Одговорност веднаш. Оставка на Шекеринска веднаш! – вели Ковачки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.