Направен е упад во воениот систем. Ова е зона на одговорност кој што е  дел од класифицирани податоци на нашата Армија. За секоја единица постои различно ниво на одговорност и постојат различни маи.

Ова е ставот на Полковник Драган Ковачки откако минисерката за одбрана Шекеринска пред неколку недели јавно објави мапа од позиции на третиот пешадиски батаљон на западната граница.

Секоја единица си има сопствена мапа.Таа мапа што е објавена на Фејсбук страната на министерката за одбрана прикажува и други работи. Има и одредени правци што се претставени таму. Границите на одговорност исто така се класифицирани-објаснува Ковачки за ТВ Алфа.

Полковникот лично ја предупредил министерката за одбрана но оти мапата се уште стои на нејзината Фејсбук страница.

Тоа е казниво дело, се одговара со затвор-додава Ковачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.