Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, при гостување во Алфа телевизија, во врска со гласањето на недоверба на Владата во четвртокот е сценарио на Заев кој се плашеше од својата партија и коалиција да дозволи да влезат пратениците за да се види таканареченото мнозинство кое наводно го има, затоа што не бил сигурен во нивната волја.

Сценариото кое ни го подготви Заев во четвртокот факт е дека е добро обмислено, меѓутоа тука е важен еден друг момент, зошто доколку тој имаше верба во своите пратеници зошто не им дозволи да влезат во собраниската сала и да го направат кворумот и да ја образложат потребата од останување на ова Влада на власт, меѓутоа тоа не се случи, ние не го видовме тоа таканаречено мнозинство и пратениците не влегоа, вели Ковачки.

Тој истакна дека има сомнежи и дека останати пратеници исто како пратеникот Реџепи биле принудувани па не можеле да бидат внесени во салата.

Факт е дека Зоран Заев се плашеше од сопствената партија и сопствената коалиција да дозволи да влезат пратениците избраници на народот слободно да ја искажат својата волја, посочи Ковачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.