, а се уште немате постапка ниту проти директорот на БЈБ кој пукаше во Собрание на 27ми април кон народот
Поразителните резултати не дојдоа преку ноќ, тие се резултат на алчноста за пари и провизии. Тоа зборувам за првите луѓе на власта. Ќе ве потсетам дека остана нерасветлено што договарала министерката за одбрана со Катица Јанева и Боки 13, значи тоа се криминалци. Што бара министер за одбрана со тие лица? Еве во тоа време Катица беше и специјална јавна обвинителка, па нели постои разделеност на извршната власт од обвинителството? Во која држава обвинителството извршува задачи од извршната власт или нешто друго било во прашање, вели Драган Ковачки член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во денешното интервју во емисијата Стадион на Канал 77.
Има набавка на возила од страна на МВР и МО, зборуваме за милионски тендери. Министерот кажа дека станува збор само за една набавка. Да, една набавка е, но таа една набавка е најголема. Да не се потценува тој случај, затоа што не станува збор за главен дистрибутер на тие возила, туку станува збор за дистрибутер кој што давал пониски цени од самиот главен застапник и дистрибутер. Јас не знам како е тоа возможно, смета Ковачки.
Ковачки вели дека нема криминалец кој не ѝ побегнал од правдата во Македонија и прашува дали има поднесено кривична пријава за сегашниот директор на БЈБ за настаните од 27 април кој во Собрание пукаше кон народот.
Имате скандал кој допира директно до Кабинетот на претседателот, односно генералниот секретаријат поврзан со софтверот за потребите на МВР, министерот не го нарачал софтверот, меѓутоа никој не покренува постапка за таа работа, што треба понатаму да зборуваме. За мегаскандалот со бегството на Сашо Мијалков, не треба да коментирам понатаму. Врзано за операција и фијаското во Грчец и постапувањето на полицијата. Имаме тотално потфрлање на институциите. Вие година дена да трошите ресурси, значи пари, да ангажирате луѓе и на крај некој да ви ја пробие акцијата, па кој ја пробил акцијата? Акцијата не ја знаат најдолните полицајци и полициски службеници, се знае од каде се пробива акцијата. Е сега ова не се првите лица кои избегале, сетете се на убиецот на младиот Мартин Јанушев, сетете се на престрелката на улица Рузвелтова, во строг центар на Скопје, ги најдоа ли сторителите, рече Ковачки.
За организацијата на МВР Ковачки потсети на изјавата на спасовски дека состојбата на јужната граница е стабилна нема никакви предизвици, која доаѓа само еден ден откако владата констатира дека постои висок ризик од зголемен обем на влез на мигранти.
Имам две прашања до Спасовски, како тоа премиерот директно му се јавува на полициски службеник долу на граница, да пропушти некого во Македонија, дали е тоа кривично дело и ако е, зошто не е поднесенао кривична пријава? И второто прашање, дали на 27 април тој што внесе пиштол и пукаше внатре, тоа е сегашниот директор на БЈБ дали против него има поднесено постапка и ако има кој е резултатот од таа постапка, праша Ковачки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.