Верувам дека со ваков пристап кон обединувањето ќе ги привлечам сите поранешни и сегашни членови, оние пасивизираните, но и нови кои ќе го препознаат новиот пристап, вели во интервју за Локално актуелниот заменик-министер за финансии, Димитар Ковачевски, кандидат за лидер на СДСМ.
Денес во СДСМ уште наивно се верува дека нема подобри од нас. И тоа доведува до опуштеност и небрежност. Ќе настојувам да убедувам дека не ни е потребна вообразеност туку работа. Никого не треба да потценуваме. Јака опозиција мора да не мотивира да работиме многу повеќе. На критиките од страна на граѓаните но и од страна на опозицијата мора да им посветиме внимание. Тие и кога не се во право го формираат јавното мислење и расположението на јавноста и ние мора да нудиме одговори секој ден и во секое време, вели Ковачевски.
Како што вели тој е долгогодишен член на партијата и работел на повеќе позиции на локално и на централно партиско ниво заедно со мноштво генерации на партиски другари, но има искуство и како универзитетски професор и како менаџер во приватниот сектор.
Како кандидат за претседатeл на партијата приложив и моја програма за СДСМ, која е мое видување за тоа што треба суштествено и најбрзо да се промени во работењето на партијата. Таа се заснова на јасни социјалдемократски вредности, јасно и одговорно управување со цел подобрување на општеството и економскиот раст. Програмата има наслов „Заедно, одговорно и посветено„. И тоа се трите столба на кои треба да се работи, дополнува Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.