Кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва оствари средба со членовите и активистите на СДСМ во Кочани каде се дебатираше за унапредување на внатрепартиската демократија. Тој истакна дека развојот на демократијата е во директна корелација со унапредување на внатрепартиската демократија и тој како претседател ќе се залага секој член на партијата да има глас и моќ да избира и одлучува на локално ниво.
За да ги избереме најдобрите и најпочитуваните луѓе на локално ниво, потребно е членовите на партијата од секоја општина да може да бираат и да одлучуваат. Како иден претседател, ќе инсистирам локалните раководства исто како и претседателот на партијата, да се бираат непосредно. Гласот на секој член и активист мора да биде слушнат и испочитуван – порача пред членовите Ковачевски.
Тој рече дека СДСМ е единствена целосно дигитализирана партија која располага со систем за брзо непосредно гласање. Ковачевски рече дека идното раководство, доколку тој биде претседател, системот ќе го унапреди и користи за да им се овозможи на партиските членови да бираат локални раководства, но и да гласаат за други важни прашања на внатрепартиски референдуми.
СДСМ е дигитализирана партија со ефикасен систем за брзо и исплатливо организирање на внатрепартиски гласања и референдуми. Ова планирам да го унапредиме и користиме при носење на одлуките. Во недела ја барам поддршката за да изградиме систем каде сечиј глас е слушнат и испочитуван – заклучи Ковачевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.