Новиот лидер на СДСМ невешто го избегна одговорот на едно од клучните прашања за македонскиот народ, поврзано со спорот со Бугарија. На прашањето дали неговите ставови како мандатар би биле поблиску до ставовите на досегашното раководство или ќе се врати на антифашистичките корени на партијата, Ковачевски ја потенцира Резолуцијата изгласана во Собранието.
Тој зрази надеж дека Македонија час поскоро ќе ги започне преговорите со Европската Унија потенцирајќи ги четирите позитивни препораки од ЕУ кои ги доби Владата предводена од СДСМ.
Во моментов Република Македонија води разговори со соедна Република Бугарија. Тие разговори се базираат на европски вредности, и во нив се почитуваат и резолуциите коишто се донесени од страна на нашите политички партии во Парламнтот на Република Македонија. И ќе продолжиме во тој дух, со тоа што сакам да испратам уште една порака, а тоа е дека после четири последователни позитивни извештаи од страна на Европската комисија, сега е времето Европската унија да ни определи датум за првата меѓувладина конференција и отпочнување на преговорите со Европската унија“, одговори Ковачевски, избегнувајќи конкретен одговор на прашањето на новинарот на Инфомакс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.