Во однос на преговорите со Бугарија, можам да кажам дека тоа што е водено, Димитров учествувал и на крајот прашањето би било со што со тој не се сложува и од кога не се сложува. Во однос на ставот дека не сум експерт за надворешна политика, ќе кажам дека не постои универзален експерт за сите прашања. Премиерот е тој што треба да координира со ресорите, одговори мандатарот Димитар Ковачевски на денешната изјава на вицепремиерот за економски прашања во заминување, Никола Димитров.

На прашањето зошто Димитров не добил нов мандат во ресорот, Ковачевски смета дека во секторот за европски прашања, главниот фокус треба да биде на подготвеноста на реформските закони, на координација на други ресори и хармонизација на законските регулативи.

Маричиќ има доволно искуство во делот на европските интеграции и дека оперативно многу подобро ќе одговори на таа функција. Димитров е дипломат од кариера. Не би ја намалил неговата важност, но сметам дека сепак треба да се биде коректен во однос на бившите колеги, рече Ковачевски во гостувањето на „Топ тема“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.