Кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Куманово одржа средба со членовите на раководството на СДСМ каде ја презентираше неговата програма и визија за партијата. На средбата присуствуваа и членови на раководствата од Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Липково, Старо Нагоричане и Арачиново. Тој истакна дека резултатот на изборите покажал дека СДСМ мора да ги менува работите.

Многу е важно да го зајакнеме единството и да го мотивираме секој член да се приклучи на промените. Секој член и поддржувач да ја врати довербата во партијата. Да го разбереме незадоволството и причините и да се менуваме, истакна Ковачевски.

Тој посочи дека СДСМ секогаш била и мора да остане партија која обединува. На локалните избори, рече Ковачевски, дека се намалил коалицискиот потенцијал на партијата, но се случиле и внатрешни несогласувања што резултирале со поделби. Тој рече таквите грешки не смеат да се повторат и дека единството е клучот за успех.

Потребен ни е јасен и фер внатрепартиски систем каде луѓето се почитувани и наградувани согласно придонесот. СДСМ мора да е препознаен преку чесни, посветени и ангажирани луѓе, а посветеноста и одговорноста на секој да биде единствено мерило за напредок, заклучи Ковачевски.

Ковачевски истакна дека добрите политики на Владата на СДСМ мора да продолжат бидејќи се решиле децениски проблеми, додека квалитетот на животот на многу граѓани е значително унапреден со покачување на платите и приходите.

До сега Владата на СДСМ направи крупни промени и реши децениски проблеми. Се грижевме за сите граѓани, ги покачивме платите и изградивме фер социјален систем. Овие добри политики мора да ги продолжиме и унапредиме, рече тој.

Ковачевски во следните денови ја продолжува кампањата во сите поголеми градови ширум државата каде ќе се сретне со членови и приврзаници на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.