Цело раководство ни е во оставка и 30 дена бев мета на напади од страна на ВМРО-ДПМНЕ, немаше кој да не брани – изјави новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски пред партиските органи, објави ТВ21.

Според партиски извори на ТВ21, Ковачевски се пожалил пред членовите на партијата дека цело раководство во еден момент ја напуштило партијата и тој како нов лидер на партијата останал без поддршка.

Вечерва во СДСМ се избира ново раководство откако претходно се повлекоа најголем дел од нив, а последни оставки поднесоа генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски и Оливер Спасовски.

На местото на Николовски за генерален секретар на партијата треба да биде избран Миле Зеќевич, а Фатмир Битиќи, Перо Костадинов, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Стефан Богоев за потпретседатели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.