Верувам дека не е европски да се поддржуваат манипулациите и лагите, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев зборувајќи за Македонија на БТВ.
Ние сакаме полноправно членство во Европската унија за сите земји од Западен Балкан, ова беше главната работа во нашето претседателство. Ние мора да ја надминеме омразата што беше изградена за време на тоталитарниот режим. Нормално е да се бара да се надмине антибугарската реторика, особено во последните неколку недели. Тие треба да имаат храброст да го сторат ова, не затоа што тоа е бугарска позиција, туку затоа што одговара на историската вистина, рече Ковачев.
Според Ковачев, надворешните фактори како што се Белград и Москва, како и „про-југословенската елита со носталгија кон Тито“, не дозволуваат Бугарија да биде најблиску до Македонија и двете земји да имаат односи како Германија и Австрија, Грција и Кипар, Романија и Молдавија.
Според истражувањето на „Алфа Рисрч“, 84% од Бугарите велат дека треба да има разговори за членство на Македонија во ЕУ, но само кога земјата ќе ги надминела историските манипулации и ќе се постигнел договор за фактите од историското минато на Бугарија. Истражувањето покажало дека 10,2% од Бугарите сметаат дека Бугарија треба да ја поддржи Македонија за ЕУ, без оглед на нејзиниот однос кон фактите за историското минато на Бугарија.
Има огромна консолидација во бугарското општество, без оглед на партиската припадност на народот, вели Ковачев.
Тој вели дека од 2017 година Бугарија постојано ја предупредувала Македонија дека проблемите мора да се решат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.