Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент Андреј Ковачев вечерва во „Трилинг“ на ТВ24 зборуваше за односите помеѓу Македонија и Бугарија и ветото, за кое тој смета дека не е блокада.
Јас не гледам никаква блокада. Станува збор за одлагање на започнувањето на преговорите, и тоа е запишано уште во месец март во заклучоците на Европскиот Совет, дека треба да има сериозен напредок во однос на исполнувањето на договорот со Бугарија, вели Ковачев.
Ковачев смета дека нема никаков напредок во однос на исполнувањето на договорот и иако се надевал на напредок до тоа не дошло, па средбата била фијаско.
И тука не зборуваме за некаков историски спор, зборуваме за многу важна европска вредност, а тоа е, да ги надминеме поделбите, да го надминеме она што не разделило во минатото, омразата, смета Ковачев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.