Оваа Влада има лошо изрежирана ситуација, која што на нашето македонско пучанство треба да му понуди нешто, кое што на некој начин треба да го голтне она горчливото кое што треба да го доживееме од несоодветните политики на оваа власт – истакна Наташа Котлар Трајкова при своето гостување во „Што не е јасно“.
Котлар Трајкова додаде дека владата со договорот со Бугарија отиде во сосема неприродна политичка, прво политичка насока, а потоа исто така и научно историска, па дури и народно историска бидејќи историјата има своја димензија анторполошка и таа припаѓа и како сеќавање на определена индивидуа, групи, луѓе. Така што во историјата не може да се влијае онака како што замислила власта со договорот со Бугарија.
Ако се сеќавате неодамна имаше во Собранието расправа околу концептот за образование и предметот историја, тука настапи претседателот на таа Комисија и еден член на таа Комисија. И навистина нивните дискусии беа само похвално слово за власта и нејзиниот концепт, ништо суштинско, ништо функционално и ништо потребно и за учениците, и за научниот кадар, образовниот, културниот, националниот, државниот, ништо ново – нагласи Котлар Трајкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.