Па, да бидам малку шеговита ние се навежбавме веќе на вакви ситуации и на ваква содржина, иако веќе станавме помудри со оглед дека спомнавте наративот е сменет. Но, тоа не значи дека другите нешта се сменети. Намерите се истите, однесувањето е дури исто, и се плашам дека сето она што ние го доживуваме како лошо по однос на националните, државнички интереси дека тоа ќе го доживееме – рече Наташа Котлар Трајкова при своето гостување во „Што не е јасно“ говорејќи за односите на Македонија со Бугарија.

Котлар Трајкова додаде дека македонската историографија е сериозна историографија, и првото нејзино мото е во историјата нема ни црно, ни бело.

Независно од она што ни се сервира во етерот ние треба да знаеме кои се нашите национални, државни, па ако сакате и просто човечки интереси – појаси Котлар Трајкова.

Котлар Трајкова посочи дека се ќе беше добро ако не постоеја одредбите во Договорот со Бугарија, особено оној што е во членот 8. И особено точката два.

И поради договорот денеска имаме таква ситуација да историска комисија, а да таа комисија да ја запознам јавноста има одвај четворица историчари кои прво не се компетентни за проблемот, а друго и да бидат 400 не можат тоа да го решаваат. Бидејќи историската наука си има сосема свои правила и методи на работа – рече Котлар Трајкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.